Куманово: Опожарени 11 возила, приведено едно лице

13.10.2015 12:59

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата...

За нешто повеќе од еден час, синоќа од засега непознати причини, на неколку кумановски улици се опожарени 11 патнички моторни возила.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата.

Со брза интервенција на кумановската Противпожарната единица изгаснат е пожарот во возилата.