Холандските истражители ќе го објават конечниот извештај за малезискиот авион
Лани во јули беше соборен среде руско-украинскиот конфликт во источна Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот...

Холандските истражители треба да го објават конечниот извештај за трагедијата на малезискиот авион на летот МХ-17. Лани во јули беше соборен среде руско-украинскиот конфликт во источна Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.
„Не очекувам многу. Ќе ни го кажат тоа што веќе го знаеме, дека авионот бил погоден во лет и сите загинале“, изјави Бери Свини, родител на загинат патник.
Спротивставени информации доаѓаат од рускиот производител на ракетни системи БУК, дека боингот бил соборен од територија под контрола на украинските сили и холандскиот весник „Фолкскрант“ дека било стрелано од територија под контрола на проруските сили во Украина.
