„Аркиа интернационал“ ќе носи израелски туристи во Македонија

13.10.2015 14:20

Генералниот директор на тур- операторот своите намери ги промовирал пред првиот човек на Агенцијата за туризам, Џамбазовски...

Директна авионска линија од Израел до Охрид. „Аркиа интернационал“ ќе носи израелски туристи во Македонија, почнувајќи од први јуни, со два лета неделно. Во тек се преговори за закуп на сместувачки капацитети.

Генералниот директор на тур- операторот своите намери ги промовирал пред првиот човек на Агенцијата за туризам, Џамбазовски.

Договорите се очекува да бидат парафириани за неколку седмици. „Аркиа интернационал“ со сопствената флота превезува повеќе од 1,6 милиони патници. Оперира на 34 дестинации, соработува со повеке од 600 туристички агенции од најголемите светски метрополи.