Расте тензијата во Израел

13.10.2015 14:57

Во одделни напади, еден возач е убиен со нож, а група луѓе што чекала автобус била прегазена од напаѓач во автомобил...

Тројца загинати и голем број ранети во најновиот бран насилства. Двајца напаѓачи отвориле оган и нападнале со нож патници во автобус во Ерусалим - убиле двајца и раниле уште 16-мина.

Во одделни напади, еден возач е убиен со нож, а група луѓе што чекала автобус била прегазена од напаѓач во автомобил.

Градоначалникот на Ерусалим побара затворање на одредени територии.