Врвни музички имиња на Скопскиот џез фестивал
Во четирите вечери, најреномираниот фестивал чиј континуитет трае речиси три и пол децении, ветува шаренило од музичкo жанрови, стилови и правци...

Грегори Портер, Авишаи Коен Трио, Јоаким Кин, Џејмс Блад Алмер, се дел од врвните музички имиња на годинашното 34-то издание на Скопскиот џез фестивал. Во четирите вечери, најреномираниот фестивал чиј континуитет трае речиси три и пол децении, ветува шаренило од музичкo жанрови, стилови и правци.
Љубителите на оваа музика ќе уживаат во уште едно патување со светски уметници од САД, Велика Британија, Израел, Германија, Шведска и Канада. Скопскиот џез-фестивал ќе го отвори концертот на американската легенда на гитара Џејмс Блад Алмер.
Годинашното патување низ џез-музиката ќе финишира в недела. Оваа година ќе биде поставена и изложба на џез-фотографии од словенечката авторка Петра Цвелбар. Постановката ќе биде изложена во фоајето на МОБ, а посетителите ќе имаат можност да ја погледнат по завршувањето на фестивалот, на 18-ти октомври.
Александра Перевска
