Заем од ИФЦ за изградба на фабриката на КСС во Кичево
13.10.2015 16:42
КСС дизајнира, развива и произведува безбедносни компоненти и системи за автомобили, кои вклучуваат механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси...

ИФЦ, членка на групацијата Светска банка, обезбеди заем од 8 милиони евра за американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС) за изградба на фабрика за воздушни перничиња во земјава, со што ќе се отворат 1.000 работни места до 2017 година.
КСС дизајнира, развива и произведува безбедносни компоненти и системи за автомобили, кои вклучуваат механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси.
Новата фабрика во Кичево ќе работи за програмата на КСС за производство на воздушни перничиња во Европа, која е базирана во Романија.
