Здрава храна во градинките и училиштата во Опшина Карпош

13.10.2015 17:25

„Растеме здраво“ е насловот на проектот со кој што ќе бидат опфатени сите градинки и училишта во Општината Карпош. Преку едукативни работилници ќе се поддигнува свеста кај родителите за значењето и приготвувањето на здравата храна за своите дечиња...

Брзи, лесни, но пред се здрави рецепти од кујната на познатиот шеф Огненовски ќе ги обиколaт градинките и училиштата во Општината Карпош. Oвој готвач ќе ги учи родителите како традиционалната македонска кујна може да биде здрава и уште повкусна. „Да ги смениме навиките, а со тоа ќе изградиме и здрава младина“, вели Огненовски.

„Ова ќе биде забавно, ништо не е официјално, треба баш да уживаме и да ги споделиме овие искуства“, нагласува Огненовски.

„Растеме здраво“ е насловот на проектот со кој што ќе бидат опфатени сите градинки и училишта во Општината Карпош. Преку едукативни работилници ќе се поддигнува свеста кај родителите за значењето и приготвувањето на здравата храна за своите дечиња.

„Младите се нашата иднина, почнуваме со градинките со училиштата во нашата општина, а и нивните родители да ги научиме и да им покажеме што значи здраво да се хранат, што значи да го чуваат своето здравје“, изјави Сашо Лазаровски, Општина Карпош.

Кампањата „Растеме здраво“ почна денес во градинката „Мајски цвет“. Родителите кои ќе ги посетат работилниците ќе добијат насоки за начинот на кој треба да ја приготват храната за своите деца, а и ќе ја дегустираат. На крајот на секоја презентација, ќе добијат брошура со неделни рецепти, изготвена од шеф Огненовски.

 

Викторија Милевска