Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска во Куманово

14.10.2015 10:55

Презентацијата ќе се одржи во Домот на културата во 17 часот. Ќе бидат присутни и градежни компании што ќе ја претстават локалната понуда на станови...

Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска е во Куманово. На кумановци ќе им бидат презентирани можностите што ги нуди проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите и моделите што можат да се користат.

Презентацијата ќе се одржи во Домот на културата во 17 часот. Ќе бидат присутни и градежни компании што ќе ја претстават локалната понуда на станови.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја среда ги посетува градовите низ Македонија за да го доближи проектот до сите што сакаат да си го решат станбеното прашање