Советот на јавни обвинители ќе одлучува за тимот на Јанева

14.10.2015 10:59

Јанева пред десетина дена достави список со 14 обвинители од постојните обвинителства што треба да и помагаат при гонењето на сторителите на кривични дела...

Советот на Јавни обвинители денеска ќе одржи седница, на која треба да се разгледуваат одлуките на специјалната обвинителка Катица Јанева, за формирање на нејзиниот тим, како и за нејзиниот финансиски и работен план.

Јанева пред десетина дена достави список со 14 обвинители од постојните обвинителства што треба да и помагаат при гонењето на сторителите на кривични дела, согласно со законот за водење истраги за прислушуваните комуникации.