Русеф: Опозицијата сака да дојде на власт преку државен удар

14.10.2015 11:07

Според Русеф, идејата за пуч на опозицијата не е насочена само кон неа, туку кон сите, што таа ги претставува...

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф ја обвини опозиција, дека сака да дојде на власт преку државен удар.

Според Русеф, идејата за пуч на опозицијата не е насочена само кон неа, туку кон сите, што таа ги претставува, кон историските постигнувања на нејзиниот политички ментор и претходник, претседателот Лула Да Силва.

Опозицијата во Бразил ја обвинува Русеф дека ги фалсификувала финансиските извештаи на земјата во изборната 2014 година.