Продолжува расправата за предлог- буџетот

14.10.2015 11:11

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе го одржи првото продолжение на расправата по предлог-буџетот за 2016 година во второ читање...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го одржи првото продолжение на расправата по предлог-буџетот за 2016 година во второ читање.

На дневен ред на седницата е и предлог - законот за извршување на буџетот на земјава за 2016 година, по скратена постапка во второ читање.

Седници ќе одржат и Комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците, и за образование, наука и спорт.