ЕУРО 2016

14.10.2015 12:16

Квалификациите завршија, но листата на учесниците не е комплетирана. 20 селекции досега ја минаа првата бариера. За чиста десетка одигра само Англија, без загубен бод! Сигурен од, со мали повремени забавувања имаа Шпанија, Италија, Германија...

Неколку селекции синоќа го доработуваа започнатото, играа и се надеваа дека ќе обезбедат место на волшебниот тепих, што ќе ги однесе во Франција. Хрватска играше маченички 90 минути на Малта, даде гол, но и наслушнуваше дали ќе пристигне помошта од Италијанците против  Норвешка за директен лет за Париз! Низ слично патешествие минуваа и Турците. Долго не им успеваше да ги скршат тврдите Исланѓани, истовремено слушајќи го радио-преносот од Амстердам Арената во која Холандија беше притисната од Чесите...Сепак блесна огнометот над Босфор,во слава на турскиот тим,кој како најдобар третопласиран во квалификациите по 8 години се враќа на големата сцена!

Квалификациите завршија, но листата на учесниците не е комплетирана. 20 селекции досега ја минаа првата бариера. За чиста десетка одигра само Англија, без загубен бод! Сигурен од, со мали повремени забавувања имаа Шпанија, Италија, Германија...

Меѓу екипите, кои завршија на лидерските места, неочекуваните „натрапници“ се Северна Ирска и Австрија. Во групата екипи од вториот ешалон со виза за Франција, селекциите на  Полска, Исланд, Словачка и Швацарија ги имаа работите под контрола, за разлика од фаворизираните Хрватска и Русија, кои дури по смената на селекторите стигнаа на целта. Големо браво заслужува Велс, а пред сите Албанија!

Баражот е тешката и непријатна заобиколница на патот за ЕУРО 2016-таза осум селекции! Но, и последна шанса за една Шведска, Данска, Украина...!

Претстојното Европско првенство, со нов зголемен формат од 24 репрезентации, ја отвори  вратата за повеќе дебитанти: Северна Ирска,Велс, Албанија,Словачка...По баражот можеби и за Босна и Херцеговина и Норвешка.Голем поотик за развој на фудбалот во помалите средини!Во квалификациите неочекувано потонаа екс-шампионите Холандија и Грција, потфрли и Србија.