Обука за 25 мали и средни претпријатија за менаџирање со иновациите

14.10.2015 13:58

Предавачи од Македонија и Австрија ќе ги унапредуваат знаењата и вештините на претприемачите како да ги менаџираат иновациите, како да работат на маркетингот и на финасирањето на иновациите...

Почна обука на 25 мали и средни претпријатија за полесно да ги пласираат нивните иновации на пазарот. Предавачи од Македонија и Австрија ќе ги унапредуваат знаењата и вештините на претприемачите како да ги менаџираат иновациите, како да работат на маркетингот и на финасирањето на иновациите.

Обуката се реализира во рамки на проектот „Aim Annovations“ кој е финансиран од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), а го спроведуваат Бренд плус од Австрија и Knowledge центарот од Скопје.

Со неа се очекува да се зголемуват вештините и знаењето на малите и на средните претпријатија во комерцијализацијата на нивните идеи на пазарот со цел да дојдат до успешен бизнис.

Менаџерите ги оценуваат ваквите обуки како добра можност да ги збогатат своите знаења во оваа област.