Политичките партии и натаму без договор за изборната регулатива

14.10.2015 14:12

Преку соопштение, СДСМ демантира дека опозицијата бара пратеник од дијаспората да се избира со околу 7 илјади гласа...

Четирите најголеми политички партии, и натаму без конечен договор за изборната регулатива. Преку соопштение, СДСМ демантира дека опозицијата бара пратеник од дијаспората да се избира со околу 7 илјади гласа.

СДСМ бара да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, според коишто секој глас мора еднакво да вреди, без разлика дали е даден во или надвор од Македонија. Државава има обврска да ги почитува препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, со цел за фер изборен процес, стои во демантот.

СДСМ демантира и дека го поддржува предлогот на албанскиот блок партии за користење Бадентерово мнозинство при гласањето во ДИК. Ниту се разговара за ваков предлог, ниту СДСМ прифатил такво нешто, стои во соопштението.