Кумановци да пријават штети од поплавите најдоцна до 19-ти октомври
14.10.2015 14:16
По овој рок, Комисијата за проценка на штети од поплавите, ќе излезе на терен и ќе изврши увид на лице место...

Граѓаните кои претрпеа штета од поплавите на 11-ти октомври годинава, треба да достават пријава до архивата на Општина Куманово најдоцна до 19-ти овој месец.
По овој рок, Комисијата за проценка на штети од поплавите, ќе излезе на терен и ќе изврши увид на лице место.
Од поплавите беа зафатени 50-тина куќи, подрумски и помошни простории и 70-тина хектари земјоделско земјиште во неколку населби и села по теченијата на притоките на реката Кумановка.
