Претседателот Иванов во посета на Швајцарската Конфедерација

14.10.2015 14:27

Претседателот Иванов ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација, по повод неговото учество на форумот „Кран Монтана“, што се одржува во Женева...

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 16-ти овој месец ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација, по повод неговото учество на форумот „Кран Монтана“, што се одржува во Женева.

Иванов, како што информира неговиот кабинет, ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот „Кран Монтана“ на тема „Глобални закани за безбедноста и тероризам, меѓународна и регионална соработка и превенција од конфликти, одговор на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис“.

Македонскиот претседател ќе има обраќање и на специјалната пленарна сесија на тема „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите кон Западот“.

За време на работната посета на Швајцарската Конфедерација, предвидено е претседателот Иванов да оствари средби со високи претставници на ООН и ќе ја посети Школата за дипломатија и меѓународни односи во Женева.