НБРМ: Монетарната политика соодветна, економската активност расте

14.10.2015 14:36

Најновите показатели на Централната банка покажуваат натамошен раст на економската активност со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната поддршка на домашните банки...

Монетарната политика е соодветна, а економската активност и понатаму расте со солидно ниво, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија.

Комитетот за оперативна монетарна политика одлучи на аукција да се понудат благајнички записи, со непроменета каматна стапка од 3,25%.

Образложението е дека најновите показатели на Централната банка покажуваат натамошен раст на економската активност со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната поддршка на домашните банки.

Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор.

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, коешто е доволно за справување со евентуалните непредвидени шокови во иднина, соопштува Народна банка.