Мисајловски: Ќе се обнови патот Кочани- Делчево

14.10.2015 15:09

За реконструкцијата во Буџетот се планирани средства во висина од 10 милиони евра...

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на Кочани и на општина Чешиново-Облешево, најави целосна реконструкција на патот Кочани – Делчево во должина од 30 километри. За оваа цел, во Буџетот се планирани средства во висина од 10 милиони евра.

„Ќе започнеме со изградбата и на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба“, рече министерот Мисајловски нагласувајќи дека целосно се подобрува инфраструктурата во целиот регион.