Израел: Зголемено нивото на безбедност

14.10.2015 15:15

Додека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелира да се намали тензијата, премиерот Нетанјаху навести дека државата се подготвува за низа мерки...

Зголемено ниво на безбедност во Израел. Владата реши да испрати војници да патролираат низ улиците на Ерусалим, а полицијата доби поголеми овластувања да поставува барикади во делови каде што ескалира насилството.

Додека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелира да се намали тензијата, премиерот Нетанјаху навести дека државата се подготвува за низа мерки да го врати мирот во земјата.

Организацијата „Хјуман Рајтс Воч“ ја осуди новата мерка од израелскиот државен врв.