Ракомет - ЕП 2014 Данска

Унгарија, Исланд, па Шпанија

17.01.2014 15:29

По исполнетата цел, зачинета со пренесени два бода во М1 групата, доополнителен позитивен елемент за македонските ракометари е тоа што не менуваат град. Нашите репрезентативци остануваат во Хернинг кадешто ќе ги одиграат новите три дуели.

„Да се израдуваме, да се одмориме, потоа ќе размислуваме за новите предизвици“- вели јунакот од мечот со Австрија, Борко Ристовски, но време нема многу.

В cабота македонската ракометна репрезентација продолжува со настапите на ЕП во новоформираната група 1. Прв противник ќе ни биде селекцијата на Унгарија, в понеделник ќе играме со Исланд, а идната среда со актуелниот светски првак Шпанија.

Сите средби Македонија ги игра во терминот од 16 часот. Во новоформираната група нашата репрезентација влегува со 2 бода, Шпанија и Данска со по 4, Унгарија и Исланд имаат по 1, а Австрија е без бодови.

Двете најдобри репрезентации ќе обезбедат пласман во полуфиналето, треторангираната во групата ќе игра за петтото место, додека другите пласманот до 12-тата позиција ќе го формираат според резултатите. 

Група 1

1.Шпанија                  4

2.  Данска                   4

3. Македонија            2

4. Исланд                   1

5. Унгарија                 1

6. Австрија                 0

Сабота

Македонија – Унгарија        16.00

Австрија – Исланд                18.15

Данска – Шпанија                 20.30

Понеделник

Македонија – Исланд           16.00

Австрија – Шпанија             18.15

Данска – Унгарија                20.30

Среда

Македонија – Шпанија         16.00

Австрија – Унгарија             18.15

Данска – Исланд                   20.30