Тројца шефови во турската полиција суспендирани поради безбедносни пропусти

14.10.2015 15:19

Турскиот претседател Ердоган кој денеска положи цвеќиња на плоштадот во Анкара соопшти дека според разузнавачки податоци, нападите биле поврзани со луѓе од Сирија...

Тројца шефови во турската полиција се суспендирани од работа поради безбедносни пропусти за време на митингот кога загинаа 97 лица, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Турскиот претседател Ердоган кој денеска положи цвеќиња на плоштадот во Анкара соопшти дека според разузнавачки податоци, нападите биле поврзани со луѓе од Сирија каде што џихадистите зазедоа голема територија.

Полицијата уапси две лица кои непосредно пред нападот на „Твитер“ најавиле дека во Анкара ќе експлодира бомба.