Регионален развој: 10 нови проекти во функција на туризмот
Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, квалитетно подготвената документација за новите проекти ќе овозможи за брзо време да се најдат извори на финансирање...

Подготвена е техничка документација за 10 проекти за регионален економски развој, чија што реализација тежи 38 милиони евра. Седум од нив, за промоција на туристичките потенцијали, основа за проектот, за конкурентност во регионите, што владата ќе го спроведува со финансиска поддршка од 21 милион евра.
Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, квалитетно подготвената документација за новите проекти ќе овозможи за брзо време да се најдат извори на финансирање, преку претпристапната помош од ЕУ, донаторски средства или со комерцијално финансирање.
„Важно е што ова е еден вид подготовка за поголемиот проект којшто го спроведуваме заедно со Европската комисија за потпомагање на конкурентноста во областа на туризмот на регионите низ Македонија за коишто се обезбедени 21 милион евра. Верувам дека многу бргу ќе почне со реализација. Подготовката на проектната документација всушност ќе значи многу поголеми шанси за искористување на овие средства“, рече Пешевска на денешната конференција за поддршка на регионалниот економски развој.
Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани оцени дека политиката за рамномерен регионален развој ќе ја покаже оправданоста кога ќе успееме со сопствени капацитети и национално кофинасирање да обезбедиме што повеќе средства од фондовите на ЕУ.
„Во услови на отворени европски фондови главната поента е да бидеме организирани, екипирани, обучени и способни со буџетските средства и квалитетни проекти да добиеме максимум од средствата кои ЕУ ни ги става на располагање“, рече министерот Шабани.
Со предложениот буџет за следната година за регионален развој се предвидени двојно повеќе финансиии споредено со годинава.
