Утре почнува вакцинацијата против грип
14.10.2015 15:51
Се препорачуваат за хронично болните, особено за оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања и дијабет, за бремените жени, за здравените работници и за малите деца со намален имунитет...

Од утре во Центрите за јавно здравје ќе започне вакцинацијата против сезонски грип. Набавени се повеќе од 30 илјади дози.
Се препорачуваат за хронично болните, особено за оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања и дијабет, за бремените жени, за здравените работници и за малите деца со намален имунитет.
Вакцината е препорачана од Светската здравствена организација и штити од три типа на грип. Чини 400 денари.
