Почнува снимањето на новиот македонски филм „Златна петорка“

14.10.2015 15:58

„Златна петорка“ е новиот долгометражен игран филм што ќе се снима во Македонија. Првата клапа паѓа в понеделник во Струмица. Поддржан од Агенцијата за филм, во продукција на „Револушн“, а копродукција на Македонската телевизија и „Арт-попкорн“ од Белград. И овој пат, проверена актерска екипа...

В понеделник во Струмица, ќе падне првата клапа за новиот македонски филм „Златна Петорка“ во режија на Горан Тренчовски, во копродукција на Македонската телевизија.

Филмската приказна раскажува за една прекината и една започната љубов. Меѓу нив лебдат копнежот и предавството. Низ приказната не водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото.

Во филмот „Златна петорка“ проверена актерска екипа, Љупка Џундева, Петар Арсовски, Славко Штимац.

Снимањето на филмот ќе трае 4 недели во Струмица и струмичкиот регион. Се очекува да биде завршен следната година, со премиера на некој од светските филмски фестивали.

 

Александра Перевска