Градот Скопје ги претстави своите потенцијали во Брисел
Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски е во работна посета на Брисел, на Европската недела на градови и региони. Основна цел на настанот, што прв пат е организиран во 2003 година, е градовите и регионите од Европа да се претстават пред јавноста и да ја зајакнат меѓусебната соработка...

Манифестицијата „Отворени денови- Европска недела на региони и градови“ преставува одлична можност градот Скопје да ги претстави своите потенцијали, а со размена на бројните искуства и натаму да ги развива своите капацитети – оценува градоначалникот Коце Трајановски на синоќесната промоција на главниот град во просториите на Постојаната мисија на Р. Македонија во Брисел.
Бројни претставнци од различни градови и региони, амбасадори и дипломати на Европа уживаа во македонската музика и вкусовите на традиционалната кујна.
Трајановски и претставниците на Еврокомисијата и на Европските градови, вчеравечер ја потпишаа и „Зелената дигитална повелба“, со која македонската престолнина стана една од вкупно 48 градови потписници, и прва од регионот на Западен Балкан.
„Оваа повелба подрзабира што поголема вклученост на електорнската и комуникациска технологија во заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, со што се надевам дека градот Скопје ќе ја исполни“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
На годинешново 13-то по ред издание на „Отворени Денови“ присуствуваа 6.000 претставници од 200 градови и региони од Европа.
Марина Тонева- постојан дописник од Брисел за МРТ
