Сириската војска и сојузниците се подготвуваат за копнена офанзива

14.10.2015 16:57

Русија ги обвини САД дека одбиле да примат висока воена делегација од Москва, предводена од премиерот Медведев на разговори за Сирија...

Сириската војска и нејзините сојузници, иранските сили и Хезболах се подготвуваат за копнена офанзива против бунтовниците во Алепо, со руска поддршка од воздух, изјавиле анонимни функционери.

Русија ги обвини САД дека одбиле да примат висока воена делегација од Москва, предводена од премиерот Медведев на разговори за Сирија.

„Само Сирија побара директна поддршка. За такви барања од други земји, одлуката ќе ја донесе врховниот командант. Можеби е време да се сетиме на антихитлеровската коалиција“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.