Ракомет, EП 2014 во Данска

Прибак подготвен и мотивиран !

17.01.2014 15:30

Македонската ракометна репрезентација во вториот круг од натпреварите на Европското Првенство ќе биде посилна за Немања Прибак. Конечно изминаа трите години од последниот репрезентативен настап на Прибак во дресот на српската репрезентација, па сега нема пречки да настапи во македонскиот. Вели дека едвај чека, дека не е лесно да се биде на трибините кога е максимално подготвен за настап.

По повредата на Стојчевски и отсуството на Наумче Мојсовски, Вугринец и Филип Лазаров, искуството и квалитетот на Прибак бидат од огромно значење за играта на нашата репрезентација на претстојните три средби од втората фаза, особено во сегментите на реализација и на организација, каде што имавме сериозни проблеми на претходните натпревари. Значајно е и тоа што Прибак игра во двете насоки, одбрана и напад, што е уште една предност во ситуација кога редовно се менуваат по двајца играчи, зависно дали нашата селекција напаѓа или се брани.