Нова систематизација во МВР
14.10.2015 17:20
Систематизацијата почна како обврска од Законот за внатрешни работи, листата на плати и новиот колективен договор...

Изминатиов период во МВР се работеше на нова систематизација. Од поранешните 385 работни места без хиерархиска поставеност, сега се 39.
Систематизацијата почна како обврска од Законот за внатрешни работи, листата на плати и новиот колективен договор. Со новата систематизација, брифираат од МВР се водело сметка да не бидат оштетени или избркани вработените.
Има и нов сектор за информациска безбедност. Деновиве финишира процесот од интерните огласи и доделувањето на решенија.
За началник на централните полициски служби е назначен Горан Ѓеоргиевки - поранешен командир во ЕБР.
