Голема полициска акција во Министерството за животна средина
14.10.2015 18:09
Во Управата и Инспекторатот за животна средина се приведени две лица и уште едно надвор од работното место...

МВР отпочна со акција поради сомненија за криминал и незаконско работење во Министерството за животна средина, дознава МРТ.
Во Управата и Инспекторатот за животна средина се приведени две лица и уште едно надвор од работното место.
Поголем број лица, сопственици или управители на компании се осомничени како соучесници и ќе бидат повикани на разговор.
Се сомнева дека ја злоупотребиле службената положба и примале поткуп за издавање дозволи за увоз.
Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.
