Обемна полициска акција на МВР, се апсат соработници на терористите од Дива Населба

15.10.2015 08:29

Според првичните информации, веќе се приведени неколку лица и согласно договорот со надлежниот обвинител за гонење на организиран криминал уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија...

Утринава почна обемна полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба, дознава МРТ.

Според првичните информации, веќе се приведени неколку лица и согласно договорот со надлежниот обвинител за гонење на организиран криминал уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.

Претресите продолжуваат во скопско и кумановско. Повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот.