Иванов: Западен Балкан да се интегрира во безбедносниот систем на ЕУ
Западниот Балкан итно да се интегрира во безбедносниот систем на ЕУ. Со оваа тема претседателот Ѓорге Иванов ќе настапи на форумот Кран Монтана во Женева каде што ќе се дискутира за мигранстаката криза, глобалната безбедност, заканите од организираниот криминал и воопшто радикализмот. Учесниците меѓу кои премиери и шефови на држави ќе се осврнат и на војната во Сирија која е главен причинител на мигранстката криза...

Мигрантската криза, глобалната безбедност, заканите од организираниот криминал, екстремизам и радикализам – ова се главните теми за кои се разговара на форумот „Кран Монтана“ во Женева.
Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, се обрати на отворањето на Форумот. Шефот на државава рече дека во Сирија се води војна на сите против сите, а конфликтите на Блискиот Исток придонесоа милиони луѓе од хаосот во нивните држави да бегаат кон Европа.
Според Иванов, мигрантската криза од хуманитарен и социјален феномен прераснала во сериозен безбедносен предизвик, а кон тоа придонесла неефикасната безбедносна и мигрантска политика на Европската унија. „Надворешните граници на ЕУ и на НАТО не се чуваат“ – порача Иванов од Женева, механизмите за контрола потфрлија, се нарушија билатералните односи меѓу државите.
Иванов го наведе како пример неодамнешниот напад во Анкара и посочи дека глобалната закана од насилен екстемизам и од странските терористички борци не може да се реши со бирократски процедури, туку со дневно менаџирање на заканата и со единствен и координиран одговор на заканите. Државите од Западен Балкан мораат да се интегрираат во архитектураната на безбедосниот систем на Унијата и да имаат непречен пристап до сите бази на податоци.
Претседателот и утре ќе говори на сесијата посветена на „Западниот Балкан како нова рута на мигрантите“.
Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да ја поттикне меѓународната сороботка и да придонесе за глобалниот раст.
Мартин Пушевски, специјален известувач од Женева за МРТ
