Светскиот и европскиот првак, елиминирани
Светскиот шампион Полска и европскиот првак Русија останаа во чистилиштето. Италија, Бугарија, Франција и Словенија е квартетот кој ќе учествува во распределбата на медалите на 29-то Европско првенство, чија завршница ќе се одигра во Софија...

Неочекувано ¼ финале! Светскиот шампион Полска и европскиот првак Русија останаа во чистилиштето. Италија, Бугарија, Франција и Словенија е квартетот кој ќе учествува во распределбата на медалите на 29-то Европско првенство, чија завршница ќе се одигра во Софија.
Словенија е големиот хит!Откако во плеј-офот со 3:0 ја очистија фаворизираната Холандија,сензационалните „Змајчеки“ одбојкарскиот бум го продолжија и против Полска.Два и пол часа траеше битката во софиската Арена, во која со 3:2 го елиминираа светскиот првак.Французите остануваат фатални за Србија на големите натпреварувања. „Триколорите“ со 3:1,релативно лесно го надиграа српскиот тим, еден од претендентите за титулата.Бугарија пред домашното гледалиште со максимални 3:0 ја оправда фаворитската улога во натпреварот против Германија. Италијанците го изненадија одбојкарскиот свет, веројатно и самите себеси кога со 3:0 ја совладаа Русија.Агонијата на немоќните „Баќушки“,инаку актуелни олимписки победници и европски шампиони беа декласирани за неполни 90 минути.Тоа беше своевидна одмазда на „Аѕурите“ за поразот во финалето од претходното европско првенство во Копенхаген.
Одбокарското Еуропео следната кулминација ќе ја има в сабота во Софија. Најнапред еден на друг ќе удрат Италија и Словенија, а потоа сонот за финалето ќе се обидат да го остварат Бугарија и Франција.
ЕП 2015: ¼ финале:
Словенија-Полска 3:2
Франција-Србија 3:1
Бугарија-Германија 3:0
Италија-Русија 3:0
Сабота:Софија-1/2 финале
17.30 Италија-Словенија
20.45 Бугарија-Франција
