Субвенции за поголемите сточарски фарми

15.10.2015 10:59

За да добијат субвенции поголемите сточарски фарми мораат да имаат складишта за арското ѓубре. Половина од парите за инвестицијата може да се обезбедат од ИПАРД програмата...

Доколку сакаат субвенции, големите фарми мора да имаат складишта за арското ѓубриво. Обврската е за стопанствата со повеќе од 50 крави, 250 свињи, 5.000 несилки или 10.000 бројлери.

Складиштата треба го спречат загадувањето на водите, и воздухот и да обезбедат минимално губење на хранливите вредности.

Арско ѓубриво на поле мора да е најмалку 10 метри оддалечено од брегот на реките и езерата, и 25 метри од бунарите и каналите.

Фармерите од ИПАРД програмата можат да добијат половина од вложените  пари.

 

Методија Трајков