Почнува грејната сезона

15.10.2015 11:01

Новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 целзиусови степени во три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР предвидува утрешна температура пониска од 12 степени...

Од денеска треба да почне грејната сезона за граѓаните кои ги користата услугите на Топлификација. Според одлуките на Регулаторна, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21, граѓаните ќе се греат до 22 часот.

Новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 целзиусови степени во три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР предвидува утрешна температура пониска од 12 степени.

Ова за порталите го изјавуваат во  Балкан Енерџи Груп кои ја намалеија цената на парното за 0,19 насто, ЕЛЕМ Енергетика за 0,86 насто, а сметките на Скопје Север остануваат исти.