Хрватска: Легализирана марихуана за медицински цели

15.10.2015 11:07

Со тоа е отворена правна рамка за увоз на лекови на база на индискиот коноп во земјата...

Во Хрватска од денеска ќе може да се користи канабис сатива, односно марихуаната за медицински цели според правилникот на Министерството за здравство, со кој се дозволува употребата за заболени од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Со тоа е отворена правна рамка за увоз на лекови на база на индискиот коноп во земјата. Лековите ќе ги препишуваат лекари од општа медицина по препорака на специјалистите од неврологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и специјалисти педијатри.