МВР: За 24 часа издадени 2.303 потврди за азил

15.10.2015 11:41

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.399, Авганистан –479, Ирак-283, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261  се од машки пол, 395  се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-1.399, Авганистан –479, Ирак-283, додека другите се во помал број.

За речиси четири месеци издадени се потврди на вкупно 143.279 странски државјани, од кои, 92.835 се од машки пол, 19.438 се од женски, 25.364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.642 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-99.903, потоа Авганистан-22.766, Ирак-10.186, Пакистан-3.547 Палестина-1.447, Иран-1.410, Сомалија-794, Бангладеж-784, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207,  Еритреја-200, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.  

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.