Брисел: 401,3 милиони евра за справување со бегалската криза
15.10.2015 11:51
Одделувањето на средствата било предложено од ЕК и одобрено од буџетската комисија на ЕП...

Европскиот парламент даде зелено светло за нови 401,3 милиони евра за справување со имиграциската криза. Одделувањето на средствата било предложено од ЕК и одобрено од буџетската комисија на ЕП.
Тие треба да бидат искористени од земјите-членки, најсилно засегнати од имиграцискиот проток, од трети земји кои прифатиле најголем број сириски бегалци, како и од европски служби.
Дваесет и осумте држави членки ветија 330,7 милиони евра за овогодинешниот буџет на ЕУ, тие пари ќе треба да ги исплатат наредната година.
