Папата Франциск: Aлчноста го турка светот во пропаст

15.10.2015 11:57

Папата во интервјуто што го даде во својот скромен стан во Ватикан рече дека сегашниот светски економски систем е неодржлив.

Римокатоличкиот поглавар Франциск во интервју за „Пари и мач“ го повика светот да го отфрли „идолопоклонството на парите“ затоа што човечката алчност го води општеството во пропаст.

Папата во интервјуто што го даде во својот скромен стан во Ватикан рече дека сегашниот светски економски систем е неодржлив.

„Капитализмот и профитот не се ѓаволски ако не им се поклонуваме. Но, aкo парите и профитот станаа наши идоли шти ги обожаваме и ако алчноста за пари е основата на нашето општество и на економскиот систем, тогаш нашето општество оди во пропаст“, вели папата Франциск. 

Човештвото мора да се откаже од обожавање на парите и наместо тоа во центарот да ги стави личноста, општото добро и идните генерации што ќе ја населат земјата по нас, вели папата. Според него, за оваа цел може да помогне претстојниот самит за климатските промени во Париз во декември. Христијаните се реални и сфаќаат дека светската економија, каква што е денес, е неодржлива.

Во интервјуто папата го кажа својот став за војната во Сирија и во Ирак дека светот мора да дејствува со оглед на сегашната состојба, но и да ги разреши причините за судирите.

„Ајде да се запрашаме зошто има толку војни и насилства. Да не го заборавиме лицемерието на светските  сили коишто зборуваат за мир, а под маса  продаваат оружје“, истакна папата Франциск.