Нова зграда на училиштето за деца со оштетен вид

15.10.2015 11:08

Со ова ново училиште се подобрува образованието на најранливата група деца во земјава...

Денеска ќе биде пуштена во употреба нова зграда на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Општина Кисела Вода. Проектот е на Американската амбасада во вредност од 363 илјади долари- пари обезбедени од американската армија.

Со ова ново училиште се подобрува образованието на најранливата група деца во земјава. На свеченоста ќе говорат премиерот Никола Груевски, американскиот амбасадор Џес Бејли, како и министерот за образование Абдулаким Адеми.

Инаку, денеска светот го одбележува Денот на слепите.