Израел- Палестина: Абас бара меѓународна интервенција

15.10.2015 12:12

Абас предупредува дека израелската агресија врз палестинскиот народ, неговата земја и светите места може да испровоцира светска војна, поради што ја алармира светската јавност за итна интервенција, „пред да биде предоцна“...

Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара итна меѓународна интервенција за да се спречи нова војна на Блискиот Исток. Во најновиот бран насилство меѓу израелците и палестинците се убиени се најмалку 38 лица - 31 палестинец и седум израелци.

Абас предупредува дека израелската агресија врз палестинскиот народ, неговата земја и светите места може да испровоцира светска војна, поради што ја алармира светската јавност  за итна интервенција, „пред да биде предоцна“.

Меѓудругото, изјави и дека поддржува „мирен народен отпор“ против израелската окупација.