Централа „Сендаи“: Обновена работата на вториот нуклеарен реактор
15.10.2015 12:27
Тоа е вториот реактор во земјата, што ја обновува работата со нови построги безбедносни правила, усвоени по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година...

Во Јапонија денеска е пуштен во експлоатација нуклеарен реактор што се наоѓа во близина на активен вулкан. Тоа е вториот реактор во земјата, што ја обновува работата со нови построги безбедносни правила, усвоени по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.
Компанијата оператор Кјушу Електрик Пауер, го пушти во експлоатација реакторот 2 на атомската централа „Сендаи“, што се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Токио.
