Антитерористичка акција во Кумановско и Скопско
Веќе се приведени пет лица кои биле јатаци на терористите. Антитерористичката акција се одвивала во Кумановско- липковските села Брест, Малино и Отља...

Изутрината е реализирана полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица за поддршка и соработници на криминално терористичка група од кумановската населба Тоде Мендол, попозната како „Дива Населба“.
Веќе се приведени пет лица кои биле јатаци на терористите. Антитерористичката акција се одвивала во Кумановско- липковските села Брест, Малино и Отља.
Согласно со налогот на надлежниот обвинител за организиран криминал тие се изведени пред надлежниот судија во скопскиот Кривичен суд.
Во мајската акција против криминално-терористичката група во „Дива Населба“ животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени.
Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.
Се очекува во текот на денот повеќе детали од министерството за внатрешни.
