Бејли: Претстои работа што треба да се заврши

15.10.2015 15:11

Денеска се очекуваат реакции и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозициската СДСМ...

Претстои уште многу работа  која што треба да се заврши, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли кој очекува дека тимот на обвинителката Јанева ќе биде комплетиран.

„Што се однесува до тимот на Јанева, таа имаше изјава по Советот на обвинители. Таа кажа дека и требаат персонални ресурси. Би потсетил дека 108 пратеници и четирите партии гласаа и ја поддржаа едногласно поради нејзиниот професионализам, став и правичност. Би сакал да мислам дека тие сакаат да и обезбедат и ресурси за оваа многу важна работа. Многу е важно да и се верува, да биде независна во законскиот процес кој прозлегува од прислушуваните комуникации за Македонија да излезе од состојбата во која се најде. Мислам дека процесот поврзан со другите работи треба да продолжи. Претстојат уште многу важни работи и нема многу време за тоа“, изјави американскиот амбасадор Бејли.

Денеска се очекуваат реакции и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозициската СДСМ.