Пожар во ОКТА, но само вежбовна импровизација
Вежбата и добрата кондиција спречуваат несакани последици кои произлегуваат од различни ризици и опасности по безбедноста. Во единствената рафинерија во земјава се вежбаше, спречена е поголема катастрофа и изганснати се запалените резервоари. Екипа на Македонската телевизија ја пренесува наводната ризична состојба...

Пожар во главниот резервоар на рафинеријата. Пламените јазици се шират кон другите цистерни. Опасноста е голема бидејќи во нив се складирани лесно запаливи горива. Неколкумина се повредени, екипите за прва помош ги извлекуваат од огнената стихија. Освен противпожарните тимови од аеродромот „Александар Велики“ и од Куманово во гаснењето на пожарот се вклучи и противпожарната авијација на дирекцијата за заштита и спасување.
За само 15-ина минути пожарот е под контрола. Вежбата се изведува поради тестирање на безбедносно заштитните системи пред се на компанијата, вели првиот човек на рафинеријата.
„Секоја компанија има законска обврска да организира заштитна вежба за своите вработени, на својот имот и околината во рамки на својот бизнис процес“, рече Ионанис Героуланос, главен извршен директор на рафинеријата.
Задоволни се од обезбедувањето на компанијата, се потврдило дека со добро разработен концепт и обучен персонал би се справиле со посложена опасност.
Рафинеријата е на 10-на километри од главниот град. Тоа диктира брз одговор на евентуални хаварии.
Овојпат вежба, но никогаш не се знае. Барем не потсетуваат со каква опасност можеме да се соочиме.
Фиљана Кока
