Путин: САД нè критикуваат за Сирија, а одбиваат дијалог
Ова е неговиот коментар за тоа што администрацијата на Обама го отфрли предлогот да ја прими руската делегација на чело со премиерот Дмитри Медведев за да разговараат за разидувањето во ставовите на САД и на Русија за сириската криза, објавува „Раша тудеј“...

Рускиот претседател Путин смета дека одлуката на официјален Вашингтон да ги попречува руските напори за дипломатско ангажирање за Сирија не е конструктивна и укажува на недостиг од волја за разговор.
Ова е неговиот коментар за тоа што администрацијата на Обама го отфрли предлогот да ја прими руската делегација на чело со премиерот Дмитри Медведев за да разговараат за разидувањето во ставовите на САД и на Русија за сириската криза, објавува „Раша тудеј“.
„Верувам дека таквата позиција не е конструктивна. Слабоста на таа позиција е во тоа што се базира на отсуство на план. Изгледа дека тие нема за што да разговараат“, рекол Путин во Астана на состанокот со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека САД одбиле да испратат висока воена делегација во Москва за да разговараат за координирани акции во Сирија. Официјален Вашингтон соопшти дека нема да преговара доколку Русија не престане да ја поддржува владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
