Шафхаузен и Елеврум ќе го отворат петтото коло
Петтото коло денеска ќе го отворат Шафхаузен и Скјерн. Данскиот состав е прв со шест бода, откако минатото коло со гол во последната секунда го совлада тимот од Автокоманда...

Ракометарите на Вардар имаат максимален ефект во Лигата на шампионите пред гостувањето кај Колдинг в недела. Металург оствари половичен биланс, но остави добар впечаток во групата „Де“, во којашто израмнетоста на екипите е надеж дека македонскиот тим може да стигне до елиминациите.
Петтото коло денеска ќе го отворат Шафхаузен и Скјерн. Данскиот состав е прв со шест бода, откако минатото коло со гол во последната секунда го совлада тимот од Автокоманда. Но токму тој наспап на Металург носи оптимизам пред неделниот натпревар во Романија против Баја Маре. Бодови од гостински терен значително ќе ја олеснат задачата во втората половина од овој натпреварувачки сегмент во којшто викендов ќе играат и Елверум и Мотор.
