Започна вакцинацијата против сезонски грип
Последиците кои им ги оставил грипот во минатото, ги натерало граѓаните да се вакцинираат. Речиси 400-тини денеска примија вакцина против сезонски грип...

Почна сезоната за превенција од грипот. Слободан Мазнев петта година по ред се имунизира. Вели поради вакцината, секоја година грипот го одминува.
„Минатата година бидејќи грипот беше повеќе присутен, речиси сите во семејството заболеа, само јас не го прифатив. Иако имам проблеми со срцето, опериран сум. Мислам дека вакцината делува“, вели Мазнев.
Последиците кои им ги оставил грипот во минатото, ги натерало граѓаните да се вакцинираат. Речиси 400-тини денеска примија вакцина против сезонски грип.
„Штити вакцината, добро е луѓето да се вакцинираат... Секоја година во многу блага форма го поминувам грипот, инаку порано беше многу лошо, затоа што имам астма, други проблеми, да не е вакцината би било полошо...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Вакцината против сезонски грип се препорачува за хронично болните, особено за оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања и дијабет, за бремените жени, за малите деца со намален имунитет и за здравствените работници.
„Поради тоа што сега времето е поладно очекуваме за две до три недели да провршиме со вакцинацијата. Вакцината штити од три типа на вируси согласно препораките на светска здравствена организација тоа се два типа на вирус А и еден тип на вирус Б“, изјави д-р Лилјана Лазаревска, Центар за јавно здравје.
Годинава набавени се повеќе од 30 илјади дози. Една вакцина чини 400 денари.
Андријана Атанасовска
