Самовработување: За 8 години над 7.600 нови бизниси
За осум години над 7.600 лица отвориле бизнис со финансиска подршка од државната каса. Над 70 насто од нив успешно работат. Дел од нив вработиле и нови кадри. Најдобрите беа наградени во неколку категории. До крајот на годината уште 400-тини ќе се самовработат...

Дел од оние кои пред неколку години биле невработени денеска добија награда за најдобри претприемачи, најуспешен занаетчиски бизнис и најиноватовна компанија. Со грант од 3.000 евра своите идеи ги претвориле во успешн бизнис. Но, не се успешни само наградените, над 70 проценти од 7.600 фирми основани изминативе 8 години преку проектот за самовработување остваруваат заработка.
Според надлежните мерката ќе се реализира и во иднина. Претставничката на УНДП во земјава смета дека креирањето на самовработување е одличен лек во борбата против невработеноста.
Изминативе 8 години, Владата има доделено 25 милиони евра на поединци за почнување на сопствен бизнис.
Наташа Јанчиќ
