Груевски: 13.500 граѓани ќе бидат опфатени со оперативниот план за вработување
13.500 граѓани ќе бидат опфатени со оперативниот план за вработување. Премиерот Груевски изјави дека за негова реализација ќе бидат инвестирани над 11 милиони евра. За граѓаните од најранливите категории во Прилеп и Демир Хисар ќе бидат распределни 101 социјален стан. Огласот ќе биде објавен деновиве...

Мерките за вработување продолжуваат и наредната година. Владата го усвои оперативниот план за 2016-та. Премиерот Груевски информираше дека со овие мерки ќе бидат опфатени околу 13.000 граѓани од кои 8.700 директни вработувања.
Припор, Усје, Пинтија, Драчево. Груевски на терен ги слушна проблемите кои ги мачат жителите од општина Кисела Вода. Тие ја истакнаа неопходноста од нови автобуски линии како и изградба на фекалната канализација. Владата планира догодина да почне изградбата.
Жителите на Усје побараа подобрување на патната инфраструктура. Полските патишта, но и автобуските линии- велат се најгорливиот проблем. По подолг период, во Пинтија се гради нова градинка, се инвестираат 19 милиони денари. Пензионерите пак благодарни за бенефитите кои ги нуди државата.
Жителите на Драчево се пожалија на лошите услови во поликлиниката и побараа инсулинска аптека. Ресорниот министер најави подобрување на условите.
Деновиве ќе биде објавен огласот за 101 новоизграден социјален стан во Прилеп и Демир Хисар за најранливите категории.
Ќе се проширува и автобуската линија со број 42 и ќе почне изградбата на третата фаза од булеварот „Борис Трајковски“ со должина од 2 километри.
Викторија Милевска
