Бесплатен интернет на скопскиот аеродорм

15.10.2015 15:05

Достапен во терминалната зграда и во ВИП- салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа „Тelekom hotspot“...

Од денеска бесплатен интернет на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Достапен во терминалната зграда и во ВИП- салонот на скопскиот аеродром, а кој патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа „Тelekom hotspot“.

Брзиот интернет на „Александар Велики“ обезбеден од Македонски Телеком има  корисничка заштита. Секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.

Аеродромскиот оператор првите девет месеци од годинава ги заврши со 20% пораст на вкупниот број на патници на двата аеродроми – во Скопје и во Охрид, достигнувајќи вкупна бројка од 1.183.728 патници во периодот јануари – септември.

 

Сузана Фиданска- Стоевска